Вести, Најава

Тетекс ги стартуваше подготовките за новата сезона

Тетекс од денеска 17.07.2017 и официјално конечно ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига Запад. Шефот на стручниот штаб, Ивица-Ике Јованоски во своето обраќање го образложи планот на подготовките и им посака здравје, среќа и успех на фудбалерите. На првиот собир присутни беа најголемиот дел од фудбалерите кои настапуваа и во минатогодишната сезона. После долга пауза поради тешка повреда во тимот се враќа Ирфан Абази. Тимот 10-тина дена ќе тренира на стариот стадион во Тетово, а потоа ќе се префрлат со тренинзите на стадионот во општина Брвеница.
Официјално клубот го напуштија Беким Реџепи во Шкендија, Енис Дервиши во Работнички и Кристијан Апостоловски.