Штофарите ги ,,палат” моторите на 17 јули

Во понеделник на 17.07.2017 од 17 часот и 30 минути фудбалерите на Тетекс на стариот стадион во Тетово ќе го имаат првиот собир, со што и официјално ќе ги започнаат подготовките за новата сезона.
Нашиот клуб во оваа сезона ќе настапува (Поради новиот формат во првенството) во Втората лига Запад. Целта на Тетекс во оваа нова натпреваручка сезона ќе биде што подобар пласман во втората македонска фудбалска лига, со оглед на тешката ситуација која не застапи во предходната сезона, во оваа сезона работите се свртеа во позитивна насока и се обезбедени финансиски средства за клубот да функционира нормално.
Од Тетекс заминаа голманот Беким Реџепи кој се пресели во градскиот ривал Шкендија, и десниот бек Енис Дервиши кој замина во редовите на Работнички од Скопје.
Од управата најавија дека во овој преоден рок ќе се засилат со неколку квалитетни фудбалери кои што заедно со оние кои што останаа ќе ги бранат боите на Тетекс во оваа сезона од шампионатот.
Нашиот Тетекс ќе одигра и неколку пријателски натпревари, имињата на протицниците подоцна ќе бидат познати.